(ВИДЕО)Сугарески: Иванов избра да биде приврзок на Груевски

0
981

Денеска СДСМ и коалициските партнери нема да присуствуваат на годишното обраќање на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, изјави Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ, пренесува „Мета“.

– Учинокот на Иванов, во неговото сторување и несторување, е најголемо девастирање и понижување на функцијата претседател на државата. Иванов избра да биде приврзок на Никола Груевски. Ние тврдевме, а проектот „Вистината за Македонија“ потврди дека изборите се нелегитимни, криминални и фалсификувани, а Иванов молчеше и за прислушувањето на 20.000 граѓани. Слика има, тон нема. Да имаше Иванов доблест, ќе поднесеше оставка уште на денот кога се потпиша Договорот од Пржино – изјави Сугаревски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат оставка од министерот за внатрешни работи поради скандалот со фотографијата со осомничниот за фалсификување лични карти, Сугаревски рече дека во ниту еден случај нема да го направат тоа.