(ВИДЕО)Сугарески: Законски да се забранат сметки за граѓаните кои не користат парно

0
681

Sugareski-640x320

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе поднесе предлог до Собранието за промена на Законот за енергетика со цел оние граѓаните што се исклучени од системот за парно греење да немаат повеќе обврска да ги плаќаат сметките за парно, ниту, пак, казните за неплатени сметки.

Со предлогот би се променил членот 28 од Законот со што, преку Правилникот за снабдување со топлинска енергија би се гарантирало граѓаните да не плаќаат за парно што не го користат.

-Луѓето кои не користат парно до сега мораа да плаќаат сметки, па уште и тужби и извршители поради неплатени сметки. Овие проблеми на граѓаните се дело на актуелната власт. Со дополнувањето на Законот за енергетика кое го предлагаме, бараме правото на граѓаните кои не користат парно да не плаќаат сметки и тоа да се гарантира во Правилникот за снабдување со топлинската енергија што Регулаторна комисија ќе има законска обврска да го донесе – изјави координаторот на социјалдемократите во парламентот, Горан Сугарески.

Веќе неколку месеци пред Регулаторна комисија протестираат граѓани кои мораат да плаќаат за парно греење само затоа што цевките на системот поминуваат низ нивните станови. Тие со недели бараат да им се поништи обврската да плаќаат за услуги кои не ги користат, но нивните барања се целосно игнорирани од властите.