(ВИДЕО)Кире Наумов: Македонија влегува во сигурно должничко ропство

0
1390

Македонија влегува во сигурно должничко ропство и затоа новата Влада ќе мора да го стабилизира долгот и да го намали дефицитот, изјави вечерва дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов во емисијата „10 минути“ на Тв 21.

„Ние остануваме на тоа. Велиме дека за плати и пензии мора да има средтства, тие ги има, но не дозволуваме понатамошни задолжувања за кои што знаеме дека одат на начин на кој што одат. За изборна корупција или за сите други малверзации за време на избори“ – вели Наумов.

Иако претходно најави дека ќе изврши увид во трезорот на министерството за финансии со цел откривање криминал, Наумов, скоро два месеци по назначувањето на функцијата, вели дека тој процес не е лесен.

„Скоро е невозможно веднаш да ги откриете криминалите пред да имате увид во сите други институции. Она што сега го имаат како мандат дополнителните заменици министри со сите опструкции што ги имаме, треба да го спречи колку што може понатамошното криминално однесување или евентуалните неправилности во однесувањето на оваа власт“ – вели Нуамов.

Сепак, рече Наумов, СДСМ и дополнителните заменици министри ќе направат сѐ дел од парите што се изнесени од државата и оние што се украдени да им бидат вратени на граѓаните.

https://www.youtube.com/watch?v=vzhIH0P3hOc