(ВИДЕО)Изборите носат нови административци: Граѓаните годишно плаќаат по 25 милиони евра за партиските вработувања

0
482

grafika-2

Зголемувањето на бројот на вработените во општините за партиски цели од 2006 до 2015 година ги чинат граѓаните околу 2 милиони евра месечно или околу 25 милиони евра годишно, се вели во емисијата за партиските вработувања на СКУП Македонија.

– Критериум, треба да имаш добар пријател или книшка од ВМРО и тоа е. Таму ќе бидеш примена, а другите што немаат, нема да ги примат. На мојата снаа и викаат, донеси таква книшка да те примиме – вели граѓанка на Скопје.

Слично е и во Тетово.

– Кој се бави со политика, кој навива за Мендух Тачи или Али Ахмети, а поготово тие што се до Груевски, ќе биде на работа. Тие што се близу Груевски се вработени, инаку ти ако имаш диплома а не се интересираш за партии за тебе нема работа – вели граѓанин од Тетово.

На слично мислење се и експертите. Тие сметаат дека се е ставено во функција на тесно партиските интереси.

Не знам дали има други вработувања, освен партиски вработувања. Мислам дека тие повеќе се вработени како партиски милитанти по нивните штабови и се на повик секогаш, и ако нешто може да се каже дека сработуваат тоа е за партијата, се разбира – вели академик Абдулменаф Беџети.

Александра Максимовска, професор на Правен факултет, смета дека скоро сите вработувања одат преку политичките партии.

Во последните десет години, бројот на вработени во општините пораснал за два и пол пати, покажуваат податоците на Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија и на истражувачкиот тим на Одблизу.

Целиот текст е ОВДЕ.