„Очигледно сакате да го наградите овој човек, којшто и пресуди на најгледаната телевизија во Република Македонија, овој човек кој пресуди на најтиражните и најобјективни весници во РМ, тоа се „Време”, „Шпиц” и „Коха е ре”.
На овој начин сакате да го наградите, оној кој дуќаните и фирмите во Македонија ги накити со жолта трака, на која пишува „Затворено од УЈП”.
Сакате да го наградите човекот којшто вршеше со години легален рекет на фирмите и дуќаните во Република Македонија, којшто е потврден и слушнат во “бомбите” од проектот Вистината за Македонија.
За вас очигледно, лојалноста и послушноста се пред професионалноста и стручноста. Ние вакви скандалозни одлуки и вакви инкриминирани типови не поддржуваме“, рече Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ, на денешната собраниска седница на која на Дневен ред беше Предлог одлуката за избор на директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци.