Бродот тоне, а музиката е се погласна и погласна…

0
702
Латас пред малку во вестите на Сител во 16:00 часот рече дека странците ја поддржуваат СДСМ. Јас би го запрашал ЗОШТО?
Дали знае да наведе ЕДНА причина. Нема потреба од повеќе… Доволно е само една добра причина, надвор од таа која што сите добро ја знаеме. Надвор од НАЈЕДНОСТАВНАТА причина дека обаа власт е таква каква што ја слушнавме дека е, од објавените прислушкувани телефонски разговори.
Земањето на провизија не го сметаат за криминал, малтретирањето на политички неистомисленици, исто така (ами го сметаат за нормален реваншизам, подбивање и изживување…), носењето на странски државјани да гласаат во земјава… тоа воопшто не го сметаа ниту за морален престап, а камо ли за криминал ( судам по бомбите што се однесуваа на ова) Строго партиските вработувања за нив беа (и за жал сѐ уште се) ПРИРОДНА РАБОТА, сосема најнормално нешто… Тие воопшто не приметуваат вина во последново, па затоа и така природно ПРГАВО се бранат.
Не ми е целта со овој краток текст таксативно да ги реафирмирам сите злоупотреби (и од секаков тип), до сега слушнати од бомбите на Заев (а мислам дека и наведов доволно). Целта ми е да дојдам до ПРИЧИНАТА!
До причината, зошто сме и странците и јас на страната на СДСМ!
Затоа што оваа власт ЗЛОУПОТРЕБУВАШЕ и мислеше дека тоа е нормално, дека таков е редот, дека на тоа имаш природно право кога си на власт.
НЕ ЗАТОА ШТО САКАМЕ ДА ЈА УНИШТИМЕ ОВАА ДРЖАВА!!!
Фејсбук статус на Зоран Јованоски