Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

Богоев: Тодоров и ДПМНЕ каде и да стапнат трева не никнува

„Според Хелтгрупер, дури 59,4 проценти од испитаните доктори изјавиле дека размислуваат за промена на работното место. Од оние што размислуваат за промена на работното место 16,4 проценти размислуваат да преминат од државно во приватно здравство, додека дури 63,2 проценти размислуваат да ја напуштат државата и да заминат во странство. Значителен дел од 20,5 проценти од испитаните доктори размислуваат за промена на професијата.

За некоја година ќе нема кој да не лечи. Вас тоа не ве интересира, во приватни болници се лечите, си имате ваши бизнис ортаци со приватни болници.

Откако Тодоров го осакати образованието сега го осакати и здравството, му штрајкуваат доктори, умираат пациенти, родилки…
Тодоров и ДПМНЕ каде и да стапнат трева не никнува. Тоа е дијагнозата! А, лекот е Вистината за Македонија и граѓаните за Македонија. Така, да после избори ве праќаме на интензивно лекување.”, рече Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ, на денешната седница за Интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров.

За Тодоров и ДПМНЕ лекот се граѓаните и вистината! После избори, ќе ги пратиме на интензивно лекување!Реплика од интерпелацијата на министерот за здравство.

Posted by Стефан Богоев on Monday, December 21, 2015

ОВАА НЕДЕЛА

АКСИОС: ТРАМП МУ РЕКОЛ НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ВАТИКАН ДЕКА САД, А НЕ УКРАИНА, ЌЕ ГО ПРИЗНААТ КРИМ

„Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот...

ФИЛКОВ СО ОСУДА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ ВО ОРЕШАНИ

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето...

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ