Благодарам Курир, најпознатата веб локација на ДПМНЕ, повод субвенциите на некој си Миленко

0
744

ДПМНЕ преку нејзината најпозна веб локација, позната под името Курир, за мене, Митко Јованов, посветиле време, труд и објава и тоа на ударна позиција.

Ја користам приликата да им изразам јавно голема благодарност за вниманието што ми го посветиле.

Воедно однапред им благодарам и на другите веб локации на ДПМНЕ, посебно на нејзините фрекфенции во етерот, познати како Сител или Канал5, ако го четивото од Курир го исчитаат во вечерните вести.

Во продолжение ќе ја изложам подетално мојата благодарност.

Во Курир напишале; „Фирмата Натурал Фуд не е на Миленко Неделковски, туку ја има формирано Митко Јованов, еден од најблиските соработници и советници на Зоран Заев“.

Мојот одговор;

Точно јас Митко Јованов ја основав фирмата Натурал Фуд, имавме како семејство имот, земјоделско земјиште, земјоделска механизација, истотака и традиција во семејството во обработка и занимавање со земјоделска дејност, дедо ми имаше земјоделско земјиште околу 80 декари или 8 хектари а кое денеска јас Митко Јованов го поседувам.

Во Курир пишува; „Фирмата Натурал Фуд Доо од Градско е формирана на 13.02.2006-та година сопственост е на Митко Јованов“

Мојот одговор;

Денеска Натурал Фуд не е моја таа фирма. Точно е дека на 13.02.20016 јас Митко Јованов ја основав а со цел дејноста да ја внесиме во правна форма, односно носител да биде правно лице, затоа што целите  на моето семејство беа долгорочни во оваа дејност.

Набавивме расни грла овци (аваси) и расни кози (Алпина), изградивме современа фарма.

Конкуриравме за ИПАРД програмата и бевме меѓу првите кои добија средства од оваа програма во 2006 година, конкуриравме во јуни 2006 а добивме некаде номеври 2006 година.

Кога е основана фирмата Натурал Фуд, јас Митко Јованов работев во Дневник, новинар, кој тогаш, ако избираме помеѓу тоа дали бил провладин или проопозициски медиум, тогаш неспорно е дека бил проопозициски.

Имено, јас и не сум ја уредувал политиката на Дневник, не сум бил уредник, туку новинар во политичката рибрика. Впрочем, секој може да отвори архивата и погледне  текстовите кои се потпишани од мене, и да процени дали јас сум бил наклонет кон СДСМ во текстовите или сум бил објективен.

Иако сум член на СДСМ од 1995 година, но недозволувам професионално да работам на било кое работно место.

Сосема е јасно дека ваквото оденесување е несватливо за луѓето во Курир и другите медиуми кои ако кажеме дека се провладини, нема да бидеме прецизни, затоа што се директно или индиректно на ДПМНЕ.

Во Курир пишува; „Митко Јованов кој е еден од најблиските советници и соработници на Зоран Заев. Познат по своите прозаевистички и просдсмовски колумни кои ги објавува во соросоидни портали и весници“.

Мојот одговор;

Иако живеам во Германија од 2007 година, сепак одлучив да се ангажирам во СДСМ од јули 2013 година, понудата за ангажман го прифати лидерот Зоран Заев.

Мотивот за ангажманот е со цел да дадам мој допринос во рамките на моите можности за Република Македонија биде држава во која дискриминацијата по сите основи да ја остраниме, да можат граѓаните согласно своите спосбности да си го градат својот живот. Оваа цел е можна само со промена на власта на сегашното ДПМНЕ.

Да нагласам, дека зад секоја буква што сум ја напишал за Зоран Заев како лидер на СДСМ и денеска повторно ги потпишувам, како времето поминува, напишаното се потврдува, на оваа тема наскоро ќе биде појасно, затоа да не трошиме време да пишуваме сега.

 

Во Курир пишува; „Управител на фирмата од 2006-та до 2009-та на Натурал Фуд Доо од Градско била мајката на Митко – Вера Јованова“.

Мојот одговор;

Точно, јас бев вработен во Дневник во редовен работен однос и не можев да бидам управител, истотака и татко ми беше во работен однос, како и брат ми, токму затоа мајка ми ја назначивме за управител, меѓу ретките жени управители на фирма со земјделска и сточарска дејност. Имено, Натурал Фуд беше семеен бизнис, во кој се вклучи и мојот брат Иван Јованов.

Во Курир пишува; „Митко Јованов во периодот на самостојно работење успеава во 2006-та, во времето на СДСМ, со договор број 00917 од 12.05.2006 да земе под закуп 250 хектари пасишта. Тој договор е обновен во 2009-та со договор број 1033 од 10.03.2009 за помал простор од 190 хектари“.

Мојот одговор;

Мене ниту на моето семејство не му требаше никаква партиска помош од било која партија да ги добие концесиите за пасишта, дури и да сум ја имал партиската подршка а сум ја немал, немало потреба од партиска помош. Во тој период и немаше заентересирани да земат под концесија пасишта, Натурал Фуд беше единстевниот заентесиран и го склучи договорот за концесија на големо задоволство на ЈП Пасишта дека ќе добијат пари за оваа концесија оти пасиштата никој не ги користел со децении наназад во форма на закупена концесија.

Во Курир пишува; „Заради неможност да ја води сам, но и заради тоа што во Германија се сели да живее, во 2009-та Митко Јованов на “Пазар 3“ ја нуди фирмата на продажба, менаџирање или опција за партнерско работење. Заинтересирани се повеќе лица и фирми, ама се откажуваат заради долговите што фирмата ги има направено. Како заинтересирана страна  се јавува лицето Ратко Неделковски од Скопје.

 

Мојот одговор;

Јас не бев сам, туку целото семејство беше вклучено, имено тоа беше семеен бизнис. Причината за да се откажеме од фирмата односно да ја продадеме, беа притисоците од подрачната единица на МЗШВ во Велес што траеа повеќе од една година, некаде од 2007 и текот на 2008 година за да се откажеме од концесијата за пасишта и обработливото земјиште а чиј носител беше фирмата Натурал Фуд.

За да бидеме принудени добивавме закани за казни, се случи и селдното, имено на фармата да има околу 200 глави овци и јагниња (Аваси) а инспекторот од подрачната единица на МЗШВ во Велес да испрати записник во Платежната агенција во Скопје дека Натурал Фуд има нула овци, односно нема.

Токму преку вакви и слични административни намерни грешки многумина не добиваат субвенции иако им следуваат, впрочем како што кажа и заменик дополнителниот министер Љупчо Николовски вчера во интревју за Нова ТВ.

На мојот брат Иван Јованов му беше неколку пати кажано дека е добро да се откажеме затоа што било договорено пред изборите концесиите да бидат доделени на друг.

И покрај моите жалби до МЗШВ во Скопје и Платежната агенција, сепак тие не вродија со резултат, туку бевме доведени во ситуација фирмата да прави загуби и тоа кога беше уште во фаза на инвестиции.

Воедно ваквите притисоци и закани предизвикаа непријатности во моето семејство кое е скромно. Најмалку беше проблемот што јас живеев во Германија, туку тоа што моите родители не се навикнати да ги поднесуваат заканите од разни инспектори и началници…

Токму затоа одлучивме да се ослободиме од притисоците преку продавање на фирмата а која всушност ги поседуваше концесиите и токму заради нив имавме притисоци.

Признавам, не можевме да издржиме на притисоците, се предодовме. Решивме да ги огласивме за продажба овците и козите.

Кога ми се јави лицето Миленко Неделковски стана појасно која е причината за притисоците, барем вое ден дел.

Во Курир пишува; Фирмата беше носител на концесиите затоа решивме да ја продадиме. На почетокот на соработката,  лицата Митко Јованов и Ратко Неделковски, влегуваат во партнерски однос.

Мојот одговор;

Јас не го познавав Миленко Неделковски дотогаш иако тој бил познат, но мене тој свет во кој делувал ми многу далечен. Прв пат се сретнавме во Рамстор, не се сеќавам на која дата беше, но добро знам, дека тој ми рече дека не сакал во Рамстор, му смрдело на, чинам рече муслиманско, турско или така некако, што мене ми беше смешно, неразбирливо, сепак инсистирав и се сретнавме во ресторанот кој сега е затворен, за да се препознаеме ми се опиша дека ќе дојде со шешир, вероајтно му беше чудно како не го познавам а тој бил популарен.

Додека Ратко Неделковски го запознав многу подоцна, кога веќе требаше да потпишуваме, завреуваме на нотар купопродажен договор, тој беше од Миленко предложен да влезе како содружник во фирмата.

Да биде појасно, во првата фаза јас му отстапив само 30% од фирмата затоа што Миленко немал пари за да го исплати износот што го договоривме, а тој износ беше тој што сме го давале за концесиите до преземањето на фирмата од страна на Миленко, односно формално правно брат му Ратко Неделковски.

Многумина кои ги консултирав во тоа време, ме советуваа да сум внимателен да не ме измами Миленко, затоа и и бев крајно внимателен. Покасно мислам дека веќе фати и 2009 ако не и 2010 година, кога го доплати износот за фирмата беше отстапена целосно од моја страна. Во меѓувреме јас како мнозински косопстевник дозволив по предлог на Миленко да се назначи друг управител, мислат госпоѓата се викаше Ратка.

Целосното преземање се случи на индиректне начин. Имаше една епизода поврзана со друга личност чија фирма, но да не ја мешаме, беше цел на критика во една од емисиите на Миленко шоу, за мотивите не можам да ценам.

За воља на вистината немавме никаков спор јас како сопственик на фирмата и тој како главен соговорник за продажбата-се што беше договорено, се исполни.

Од формално правен аспект тоа се гледа и од докуемнтите Миленко Неделковски не фигурира. Но денеска незнам како е, затоа што сопстевничката состојба на секоја фирма може да се менува секогаш.  За фирмата Вондер или како точно се вика, чинам сум ја видел на некоја од најваните шпици на емисијата Миленко шоу, но незнам која е таа фирма кој стои зад неа.

Жалам за името „Натурал Фуд“ чиј кум сум јас лично а што сега е формално или неформално сопственост на Миленко

Митко Јованов