Беса и ЛДП: Македонските граѓани заслужуваат фер и демократски избори

0
1054

Заедничка заложба на движењето Беса и Либерално-демократската партија е да се обезбеди фер и демократски изборен процес на претстојните вонредни парламентарни избори.

Двете партии бараат да се овозможи граѓаните слободно да ја изразат својата волја, без никакви притисоци и закани, како пред изборите, така и за време на изборниот ден.Ова е заедничкиот заклучок на двете партии по денешната средба на претседателите на Беса и ЛДП, Биљал Касами и Горан Милевски.

На средбата на која учествуваа и потпретседателот на ЛДП Зоран Шапуриќ, претседателот на ЛИДЕМ, Стефан Миноски, како и членовите на централното претседателство на Беса, Ермира Асани – Салија и Африм Гаши, се разговарало за актуелната политичка состојба и за спроведувањето на договорот од Пржино, при што се заклучило дека опозицијата не смее да учествува на избори кои нема да ги исполнуваат европските стандарди и ги повикаа сите партии да дадат максимални напори во исполнувањето на потпишаниот договор.