Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

БОЖИНОВСКИ ЈА ФРЛИ БОМБАТА ЗА ЛИЧНИТЕ КАРТИ: Ова се организаторите и извршителите на изборните фалсификати и лажните лични карти!?

Организаторите и извршителите на изборните фалсификати (КИРО ТОДОРОВСКИ, МУНИР ПЕПИЌ и ЕЛВИР АЈВАЗОВСКИ) – изработка на фалсификувани лични карти се институционално згрижени и скриени во Агенцијата за разузнавање (под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов). Веднаш по постигнувањето на Договорот од Пржино кога стана јасно дека МВР ќе го преземе oпозицијата и најавата за формирање Специјално јавно обвинителство, организаторите и извршителите побегнаа од МВР и преминаа во Агенцијата за разузнавање, пишува новинарот Зоран Божиновски на својот Фејсбук профил.

Тоа се:

КИРО ТОДОРОВСКИ, екс шеф на кабинет на Гордана Јанкуловска, кој го има во разговорите (бомбите). Во моментов е помошник – директор. Тој е (не)идентификуваниот соговорник на Миле Јанакиески кој го прашува „од каде ти е информацијата?“, а Киро му одговара „од Пепиќ, овој што ни ги прави личните карти… не знам нему од кај му е, имаат дуќан во Чаршија, таму работат“. Киро му вика на Јанакиески и „еве сега завршивме“, што значи дека директно учествувал во овој криминал. Киро го има и во друг разговор каде зборува дека ставале по 10-15 лица на една адреса. За улогата на Киро Тодоровски говорат и Спиро Ристевски и Гордана Јанкуловска. Во последниов период, откако јавно објавив фотографии од Тодоровски и Пепиќ (со Груевски и Иванов!), Киро Тодоровски е многу уплашен поради истрагите и бара спас од Амбасадата на САД, таму се нуди како иден „заштитен сведок“, сака да каже и покаже се што знае и поседува во неговата архива, во најмала рака бара олеснителни околности доколку биде притворен. Ептен е кооперативен!

По природа, Киро Тодоровски е плашлив, емотивно растроен и подготвен за соработка контра Фамилијата на власт во РМ. Тодоровски е директно инволвиран и во случајот купување луксузен Мерцедес за премиерот Груевски од 600.000 евра. Му се подготвува кривична пријава и за ова. Тодоровски секодјневно очекува именување од Ѓорѓи Иванов на позиција директор на Агенцијата за разузнавање, со надеж дека тоа ќе му биде погодна позиција од која може да се одбрани од сите идни обвиненија. Сепак сфаќа и дека неговата директна улога во аферата со лажните лични драстично му ги намалува шансите да стане директор на АР и остварување на неговите цели и амбиции. Особено лично е погоден од моето објавување на неговото име и презиме и фотографија заедно со Мунир Пепиќ.

МУНИР ПЕПИЌ, поранешен вработен во ПС „Беко“, префрлен во Агенцијата за разузнавање на предлог од Киро Тодоровски – ја потврдува нивната поврзаност и заедничка инволвираност во фалсификување на лични карти и пасоши. Пепиќ и Тодоровски се во секојдневна комуникација и консултација околу најавената истрага од страна на Специјалното јавно обвинителство. Проблем на Тодоровски е што поим нема дека Мунир Пепиќ веќе бил на распит во СЈО каде ги понудил своите добри услуги, во замена за негово изземање од обвинение. И Мунир Пепиќ манифестира голема нервоза и тешка психолошка состојба поради истрагата и поради неговото медиумско експонирање од моја страна. Не може да се избирише од заедничките фотографии со груевски и Иванов!

Повеќе ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ