Ауууу, јеботе „опозиционерот“ Тачи подготвен да коалицира со ДУИ?

0
515

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи поотворено од било кога понуди соработка со ДУИ. Во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 Тачи рече дека е време да му се стави крај на нетрпението меѓу ДПА и ДУИ и да се отвори патот за нова соработка за стратешките прашања на Албанците. Тачи во овој контекст ги спомена коалициите во грчката влада и коалицијата на Демократската партија на Косово со Демократскиот сојуз, известува Алсат-М.

213482

– Зарем е лошо да бидеме заедно? Не е лошо. Апсолутно. Тоа го сторија “Неа Демократија со Папандреу, Хашим Тачи со Иса Мустафа. Можат да кажат, видете – се смирија овие со ДУИ, но што да се прави. Војуваат со нив, не по срамија, се тепаа и се убиваа, а сега се смирија и се заедно. Не сме заедно, тие 99,9% ја имаат локалната власт и 100% централната власт, но нема повеќе да ги гледаме со непријателство. Ова веќе треба да заврши – рече  Мендух Тачи, претседател на ДПА.

За ДУИ оваа понуда за соработка не треба да се толкува како можна коалиција, но ја поздравуваат идејата за соработка за одредени стратешки прашања.

– Толкувањата во медиумите на оваа изјава за наводна коалиција меѓу ДУИ и ДПА се злонамерни. Ние го поздравуваме ставот за нов квалитет кај албанската опозиција за соработка за стратешките точки, но тоа не подразбира соработка во политичките платформи, не верувам дека ќе има таква соработка, бидејќи мислиме дека тоа не е здраво за албанското општество. Се разликуваат политичките платформи на ДУИ и на ДПА, а Албанците треба да имаат различни понуди. Но, за стратешки прашања кои се однесуваат на иднината на државата и нацијата, тие треба да соработуваат – за Алсат-М изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

За ДУИ стратешки точки каде би можеле да соработуваат со ДПА се интеграциите во НАТО и ЕУ, еднаквоста на Албанците и економскиот развој.