Апелација пресуди: Условна казна за докторот Дејан Ставриќ

0
1306

Апелациониот суд во Скопје ја преиначил пресудата за офтамологот Дејан Ставриќ, и пресудил: условна казна за барањето поткуп, менувајќи ја пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која беше осуден на ефективна казна затвор во траење од 1 година, дознава „Сведок“ од извори во скопскиот суд.

Ова е втора и конечна одлука на Апелација, која првиот пат ја укина пресудата и наложи ново судење, но основниот суд повторно донесе иста пресуда 1 година затвор.

Пресудата стигнала во Основниот суд Скопје 1, но се уште не била примена од странките.

-Апелациониот суд во Скопје ја потврдил пресудата за Дејан Ставриќ, преиначувајќи ја во делот на санкцијата, од ефективна казна од една година, во условна на една година затвор која нема да се изврши доколку обвинетиот во наредните три години не стори ново кривично дело – потврди за „Сведок“ Дејан ристовски, портпарол на судот.