Американската амбасада го демантира Црни Грујо: Разговорите за медиумите ќе продолжат!

0
819

Американската амбасада вели дека САД и Европската унија ќе продолжат да дискутираат со политичките партии за прашањето за медиумите. Ова е одговорот кој амбасадата го испрати до НОВА на прашањето дали ќе продолжат преговорите за медумите откако претседателот на ВМРО ДПМНЕ изјави дека се согласил на нов датум за избори само затоа што, помеѓу другото, странските партнери во процесот му дале збор дека преговори за медиумите повеќе нема да има.

„Соединетите Американски Држави и Европската Унија ќе продолжат да дискутираат за овие прашања со партиите. Би потенцирале дека Парламентот може да ги отвори прашањата во секое време. Елементите на маса вклучуваат: стабилно финансирање на МРТВ, фер и транспарентно владино рекламирање доколку тоа продолжи, намалени казни за прекршоци, зацврстена заштита на авторски права, Советот на МРТВ и Агенцијата за медиуми да се составени од професионалци од различни полиња, одобрени од Парламентот. За сите овие прашања имаше начелни договори а партиите треба да одлучат како тоа ќе продолжат понатаму “, се вели во одговорот на амбасадата за НОВА.