Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

Ако може Грујо во Прилеп со 6-ка до диплома тогаш Боркица може тајно да стани Магистер на науки

Боркица Груевска тајно стана Магистер на науки . Сопругата на премиерот на Република Македонија, Боркица Груевска пред неколку дена ја одбрани магистерската теза и со тоа стана магистер. Во четвртокот на Филозофскиот факултет, во најголема тајност без многу помпа  таа го одбранила магистерскиот труд  на тема која засега е строго чувана тајна. Но тоа не е се. За да биде целата  работа уште посомнителна, целиот настан е организиран во 17 часот после работното време на Филозофскиот факултет. Претходно на вработените хигиеничарки им било наредено да „ја светната“ салата како за гости од највисоко ниво и при тоа да молчат.  На самиот чин бил присутен сопругот, премиерот Никола Груевски, заедно со својата мајка Нада и уште 4 други. Во целиот настан, најсимптоматично е присуството на поранешниот декан на Филозофскиот факултет, Трајан Гоцевски  кој бил член на комисијата. Спорно е неговото присуство во истата ако се земе во обзир дека тој како пензиониран професор, законски не смее да биде член на второ степена магистерска комисија со што директно се прекршува законот за високо образование. На ова морал да реагира и деканот Горан Ајдински кој истот така бил присутен на настанот како член на таа комисија.

10303_982453771800669_8528528278361617063_n

Се поставува прашањето, дали законот за високо образование има суспензивно дејство само кога е во интерес на семејството на премиерот? Дали тој што треба да го брани законот го прекршува кога се сопствените интереси во прашање. Да потсетиме ова е втор напад на автономијата на универзитетот „Кирил и Методиј“ за само неколку недели отако претходно  беа исечени 47 дрвја од дворот на универзитетот.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ