Ако има индиции во прислушкуваните разговори, Катица ќе истражува и за 5-те милијади евра што се одлеале од земјава

0
548

Специјалното јавно обвинителство ќе истражува каде и колку пари се испумпале од државата доколку такви индиции пронајде во прислушуваните матeријали. СЈО во изјава за 24 Вести се огласи по извештајот на ГФИ во кој се обелоденува дека од земјава за 9 години се испумпани над 5 милијарди долари.

„Доколку од содржината на незаконски следените комуникации произлезе дека незаконски се изнесувани финансиски средства од Република Македонија, секако таквите информации ќе подлежат на проверки, анализа и истражување. Појаснуваме дека единствено врз основа на извештајот како таков ова Јавно обвинителство нема да може да постапува, а имајќи ја предвид надлежноста на ова Јавно обвинителство согласно Законот“, велат од Специјалното јавно обвинителство.

Дел од експертите веќе оценија дека трагата за дел од 5-те милијарди долари црни пари, можно е да биде лоцирана во предметите на кои работи Специјалното Јавно обвинителоство.

Според извешатјот, најголемите трансфери на пари стекнати по основ на криминал, корупција и даночно затајување, се направени во изборните 2008 и 2011 година и тоа околу 2 милијарди долари.

НБРМ, која е една од институциите задолжена за следење на текот на парите, податоците од ГФИ ги оквалификува како шпекулативни.

„Податоците објавени од ’Глобал фајненшал интегрити’ не се базираат на меѓународно прифатлива методологија и како такви не се користат во ниедна земја. Народната банка нема да коментира такви шпекулативни податоци“, велат од НБРМ.

Според извештајот на ГФИ во период од девет години, во просек годишно се изнесувале повеќе од половина милијарда долари.Проценките се дека годишно околу пет проценти од буџетот завршуваат во непознат правец, надвор од земјата пари стекнати по основ на криминал, корупција и даночно затајување.

Дел од експертите посочија дека за да се сопре одливот и ситемот да профункционира неопходна е политичка волја и професионален интегритет кај надлежните.

извор: 24вести