Агенција за медиуми за Латас: Непримерен начин на комуникација, кавга и навреди

0
464

Наместо интервју во кое различните гледишта и мислења ќе добијат еднаков третман, со што публиката ќе може слободно да оформи сопствено мислење за актуелните општествено-политички теми, гледачите видоа непримерен начин на комуникација, кавга и навреди, реагираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за односот на уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, во интервјуто со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Без каква било професионална дистанца, без почитување на достоинството на соговорникот и на низа други личности споменати во разговорот, наместо интервју реализирано според правилата за овој новинарски жанр, гледачите беа сведоци на комплетно отсуство на култура на говорот и на неетичност. Имајќи предвид дека почитувањето на новинарските стандарди е предмет на саморегулација, Агенцијата ги повикува Советот за етика во медиумите на Македонија и новинарските здруженија да ги преземат мерките што им стојат на располагање“, стои во соопштението.