АПМ: Никој нема право да се поигрува со евро-атланските преспективи на земјата

0
337

Алијансата за позитивна Македонија (АПМ) изрази загриженост поради несериозноста на четирите партии во процесот на исполнувањето на одредбите од Договорот од Пржино.

„АПМ смета дека поради ваквата несериозност на овие партии, се доведува во опасноста Македонија да добие условен Извештај за напредокот од страна на Европската комисија, а со тоа и да прекине низот на препораки за започнување на преговорите за членство во ЕУ. Извештајот за напредокот ќе добие некоја недефинирана форма, како обид на ЕК да ги вразуми преговарачите“, се вели во соопштението од АПМ.

Алијансата ги охрабрува четирите партии доследно да го почитуваат договорот од Пржино и во преден план да бидат интересите на граѓаните, а не интересите на политичките партии.

„Никој нема право да се поигрува со евро-атланските перспективи на Македонија и секое враќање назад во процесот на приближување кон ЕУ, ќе значи загрозување на интересите и просперитетот на граѓаните на Република Македонија“,се порачува во соопштението на АПМ.