АКТУЕЛНАТА МИСИЦА НА МАКЕДОНИЈА, ЕМИЛИЈА РОЗМАН, РАСПАЛИ ПО РЕЖИМОТ: Ова што ДПМНЕ и го прави на Македонија е ужас!

0
1953

Сме имале ли некогаш ваква мисица која јасно знае да се изрази, на пример, за политика (дел од нејзиното интервју за порталот Мак Мода):

“Сум во тек и не сакам да молчам, но колку и да зборувам ќе бидам цензурирана затоа што во нашата држава не само што не се почитува, туку вашето мислење едноставно не постои доколку не сте истомисленик на власта, па веднаш ве декларираат како член на опозицијата, соросоид и не знам уште што. Да не беше жално, ќе беше смешно се ова што се случува. Сите одат напред, ние одиме назад. Срамота е ова. Шетам низ светот, ја раскажувам приказната за Македонија, но како што тргнале ќе го уништат сиот добар материјал кој вреди да се каже и покаже на светот. Колку што сакам да го кренам гласот и да се борам за своите права, толку и не ми се ни прави муабет, колку ми е мака. Единствено што можам е да давам поддршка, кога можам морална, кога можам рамо до рамо, со сите оние на кои им е доста и сакаат нешто да се промени, да ја промениме насоката на движење и конечно да тргнеме напред. Ако тоа воопшто е возможно”?

Ако ништо друго, барем нема да и се смеат таму, како на другите од минатите години. Не ја знам, ама така ми личи од интервјуво.