Јосимовски сведочи за ФОКУС: Власта ме уценуваше да го наместам Заев дека нарачал насилство против полицијата

0
1159

Naslovna-10491

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

КРАЈ ЗА „КРИСТАЛНАТА НОЌ“
Па дури и тие нововработени многуилјадни душички на преродбата кои мака мачат да ја оправдаат својата бездушна солидарност со пастирот, се сосема свесни дека народот дава, а народот и зема. Затоа повикувањето на „извештајот на народот“ е сосема содржински промашена тема. Да, тие сметаат на гласовите на уценетите луѓе чија единствена опција е партиската книшка како начин да се преживее „кристалната ноќ“ во македонската држава.

ВЛАСТА МЕ УЦЕНУВАШЕ ДА ГО НАМЕСТАМ ЗАЕВ ДЕКА НАРАЧАЛ НАСИЛСТВО ПРОТИВ ПОЛИЦИЈАТА!
Скопјанецот Бошко Јосимовски е осуден на две години и четири месеци затвор за учество во толпа и попречување полицаец во извршување службена задача на протестите пред Владата на 5 мај. За „Фокус“ Јосимовски сведочи како насилници од ДПМНЕ се обиделе да го искористат за одмазда против опозицијата

СО ГРУЕВСКИ, АМА ВЕРОЈАТНО И СО АХМЕТИ – НЕМА ЕУ!
Ги чекаат ли во Брисел изборите во кои сѐ поизвесно е дека ќе има битни политички промени во Македонија? Поточно, сметаат ли во Брисел, или се надеваат, дека ниту Никола Груевски ниту Али Ахмети повеќе нема да се на власт? Оти, ги доживуваат како главни кочничари на европскиот пат. Ако е така, тогаш сосема логичен е заклучокот. Со нив двајцата – нема ЕУ!

ЗАМЕНИЦИ СО ВРЗАНИ РАЦЕ
Пред опозициските кадри да ги заземат фотелјите на Илинденска, владејачкото мнозинство истурка неколку законски измени, заради префрлување на надлежностите од ресорите, каде што опозициските заменик-министри ќе имаат право на вето, на друга адреса

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНДЕР ЗА СПАС НА ФАМИЛИЈАТА
Ти му велиш – си прислушувал, си крадел од народниот имот, си лижел од медот, си мамел на избори, си затворал политички противници, си ја заробил слободата, си ги јавнал медиумите, а тој народот, па народот. Ај орта будала. Ти нему анте, тој анте курела

НОВ АУДИО-ДОКАЗ ЗА КУМАНОВСКАТА ВИСТИНА
Новите информации на семејствата на загинатите од кумановската вооружена група говорат дека една аудиоснимка од три часа на која се слушале гласови на „важни“ политички фаци, може да ги открие политичките режисери на кумановската војна

СМРТ НЕ ГО ПОТРЕСУВА, КУРШУМ НЕ ГО БИЕ
Инцидентот, во кој незадоволен пациент пукаше во абдоменален хирург, ја крена лекарската фела на нозе. Тие го посочија министерот за главен виновник за состојбите во здравството и му побараа оставка. Но Тодоров не чувствува одговорност. Така научил од премиерот!

ШУМСКИ КРИМИНАЛ ОД 12 МИЛИОНИ ЕВРА
Во екот на грејната сезона, секогаш се актуализира проблемот со шумската мафија. И ЈП „Македонски шуми“ секојдневно добива обвинувања дека е вмешано во криминалот со дрва. На кој начин се одвива тој, сведочат жителите на струшкото село Радожда

РЕВОЛУЦИОНЕРНА ИЛИ „ПАТРИОТСКА“ ПРАВДА
На Македонија не ѝ треба ниту „револуционерна“, ниту „патриотска“ правда, туку вистинска правда, правда која не произлегува од хистеријата на безумната толпа, туку од разумот на свесни и зрели индивидуи

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Од ден на ден ќе станува очигледно дека Груевски нема на кого да се потпре. Единствен излез ќе му биде трајно да се повлече од секоја политичка активност. Ако така не постапи, ќе доживее потешки последици

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Тајфата што ја сочинува партиската супстанца има неограничени можности во кариерното напредување и инкасирање кеш. Само по основ на „ударнички додатоци“ за прекувремена работа, во МВР, неофицијално, годишно се одлевале по неколку милиони евра

Рамадан РАМАДАНИ
Интензитетот на следниот период се објаснува и со процесот на развластување на владејачките партии од државата. Процес кој наликува на одлепување лепак од хартија, при што многу е голема веројатноста дека ќе има оштетување