Wednesday, July 9, 2025
20.8 C
Skopje

Јанкулоска пријавена за: „човечиња, палење кафани, тепачки на избори, одземање лични карт

Против Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи беа поднесени десетина кривични пријави по кои сега постапува Специјалното јавно обвинителство, а се однесуваат на злоупотреби за време на изборните процеси, за незаконско издавање на лични карти и за злоупотреба на функцијата.

Јанкулоска и Ставрески беа и најмногу експонирани во снимените разговори кои беа објавувани од страна на опозицијата.

Порталот „Сведок“ нуди преглед на кривичните пријави што се поднесени против Јанкулоска поединечно или заедно со други министри, вклучувајќи го и екс премиерот Никола Груевски.

Гордана Јанкуловска заедно со Миле Јанакиески и Никола Груевски во едната пријава е осомничена за фалсификување на исправа и повреда на избирачко право.

На крајот на 2012 и почетокот на 2013 година, Јанкулоска, Јанакиески и Груевски со луѓе од МВР, на лица кои не живеат во Македонија им определиле фиктивни адреси на живеење во непостоечки објекти, во приватни објекти или во објекти кои биле сопственост на Република Македонија но не се за живеење и спротивно на Законот за лична карта, на повеќе локации во Република Македонија дозволиле лица вработени во МВР да испечатат лични карти и да им овозможат на тие лица да гласаат.

Гордана Јанкуловска како министер за внатрешни работи пак, ваквите податоци ги доставила до Државната изборна комисија која ги внела во единствениот избирачки список и тие лице гласале на локалните избори во 2013 и на претседателските и парламентарни избори во 2014 година.

Повеќе ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

ТРГОВСКАТА ТИШИНА ПРЕД БУРА: ЕУ И САД НА РАБ НА ЦАРИНСКА ЕСКАЛАЦИЈА

Зоран Русмир, дописник на „Слободен печат“ од Виена, Австрија Европската...

ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИСФРЛИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ТОНИ ВОДА ВО РЕОНОТ НА ДОЈРАН

Денеска во попладневните часови хеликоптерот бел 412 беше повикан...

СПОРЕД ЦУК АКТИВНИ СЕ 11 ПОЖАРИ ОД КОИ ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека до...

НИКОЛОСКИ: ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ОНА ШТО ГО ВЕТИВМЕ, ОЧЕКУВАМЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРВИОТ КРУГ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарам на присуството, Денеска...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ