Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека вчера попладне добило барање од Специјалното јавно обвинителство за доставување на статистички податоци за бројот на предметите оформени во јавните обвинителства, а кои се однесуваат на незаконското следење на комуникациите.
„Бараната статистика се однесува на бројот на оформени предмети, назначување на јавните обвинителства пред кои се оформени предметите и броеви под кои се заведени предметите. По барањето се постапува, по што бараните податоци ќе бидат доставени во најкраток можен рок“, се наведува во соопштението.