Јанева: Активно се работи на случајот Мартин Нешковски

0
1268

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека во Специјалното обвинителство активно се работи на случајот Мартин Нешковски, пренесува „Телма“.

Специјалното јавно обвинителство презеде 36 предмети, меѓу кои и предметот за убиството на младиот Мартин Нешковски.

Братот на Нешковски пред неколку месеци побара оваа институција да го расчисти случајот, бидејќи семејството е незадоволно и не верува од судската завршница која предметот ја доби.

Извор: Телма