НА СУГАРЕ МУ ПУКНА ФИЛМОТ : СМАЧЕНО МИ Е ОД ЕДНИ ИСТИ КВАЗИПАТРИОТИ И АПАШИ КОИ ЛААТ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА СНЕМА

0
4361

Почитувани граѓани

Сакам да го изразам моето лично мислење, не политичко, туку лично како граѓанин на оваа наша држава која конечно мора да се придвижи напред за да можеме сите да напредуваме.

Смачено ми е веќе едни исти луѓе секојдневно да ги слушаме и гледаме како прогласуваат капитулација на државата, предавство и продавање на државата.

Ниту некој може да поништи и избрише Македонски народ и Македонски јазик ниту тоа некогаш ќе се случи. Ние сме Македонци и така ќе останеме. Доста е плашење на луѓето дека државата ни капитулирала или дека сме ја предале или пак ќе се случи федерализација, тоа никогаш ниту се случило ниту ќе се случи.

Сето тоа е продавање на ветар и магла, само празна политика за да можат да купуваат приверемено политички поени. Демек “тие” се борат за заштита на националните интереси, а всушност долги години се штитеше само криминалот што го правеа.

ВМРО ДПМНЕ согласно нивната програма бараше референдум, ќе има и референдум но не за ВМРО, туку за граѓаните јасно и гласно да си кажеме за што се определуваме.

Нека предложат членови на ДИК и да одиме на референдум, ние народот јасно да си ја изразиме својата волја, се друго е демагогија, лаги и манипулации.

Нашиот народ е многу паметен и повеќе сум од сигурен дека со големо мнозинство ќе ја изрази својата волја дека сакаме да станеме членка на НАТО и ЕУ.

Јас цврсто стојам зад оваа одлука и убеден сум дека и граѓаните на оваа наша напатена држава тоа ќе го потврдат на референдумот.

ЈАС СУМ ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА, ЕКОНОМСКИ СИЛНА И ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА.

Фејсбук статус на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески