КРАХ НА ИЗЛОЖБАТА ЗА КУЧИЊА ВО СТРУГА : Дали Кинолошкиот Сојуз на Македонија го тресат и финансиски ПРОНЕВЕРИ или само ЛОША ОРГАНИЗАЦИЈА И ФИНАНСИСКИ ПРОНЕВЕРИ?!

0
2713

Во изминатите денови Општина Струга беше домаќин на меѓународната изложба на кучиња за сите раси CACIB Охрид 2015, која што се одржа на теренот на хотел ,,Галеб” во Струга во организацијана Кинолошкиот Сојуз на Македонија од 27-ми до 30-ти Август. На пистата кучињата ги оценуваа покрај домашните светски признати и истакнати судии од странство каде што по покана на сојузот присуствуваше и висока делегација од Светската Кинолошка Федерација FCI.

kinolosko4kinolosko1kinolosko2 kinolosko3

На меѓународната изложба на кучиња која се одржа во Општина Струга на терен од хотелот ,,Галеб” учество земаа и поголем број излагачи од странство со своите врвни примероци од различни раси кои настапија на изложбите сите четири дена, и освојаодлични награди и титули во раси и групи. Спрема каталогот на изложбата и пријавените просечно по изложба биле пријавени околу 200 кучиња за сите три дена околу 600 кучиња. Но сликата на теренот сосема се промени и покрај солидната организација од стран на организаторот, присутни беа од 40 до 70 кучиња бројка која варираше дневно по изложба, каде најмасовни беа странските излагачи кои покрај изложбата го искористија времето за посета на охридските плажи.

kinolosko7 kinolosko8 kinolosko5 kinolosko6

И покрај тоа што организаторот обезбеди вредни награди посетеносста на домашните излагачи од нашата држава беше на незадоволително ниво така што скоро и ретко можеа да се видат. Мала свежина од домашни одгледувачи и шарм на изложбата внесоа одгледувачите на убавите примероци од различни раси од Скопје, Прилеп, Кичево… но и покрај големиот број на одгледувачи и кинолошки друштва одзивот беше многу слаб. Дали тоа се должи на актуелниот случај со истрагат која е во тек од страна н финансиската полиција што беше превземена против финансиското работење на кинолошкиот сојуз, каде одредени актуелни лица се под сомнеж дека извршиле финансиска проневера и други малверзации со изложби во странство или е нешто за кое допрва ќе дознаеме. Но сепак на изложбата беше присутна одлична дружба и луда забава до раните утрински часови по кафичите на плажата од хотелот ,,Дрим” се разбира во организација на организаторот.

kinolosko11 kinolosko12 kinolosko9 kinolosko10

Инаку на поканата на организаторот бил дојден реномираниот судија Манучи од Италија за да го одржи семинарот за Хендлинг, кој за својот ангажман побарал од сојузот да му се плати само картата авионска, но за семинарот сојузот наплаќал по 50 евра, поради кој што секако никој не се пријавил . Семинарот требало да се одржи во слободниот поплавнеден термин во петокот, па така судијата го поминал времето во разгледувањео на плажите, иако судијата ја имал намерата да помогне околу одржувањето на семинарот.