YouTube: Еве ги едни од најдобрите реклами на деценијата

0
262

Рекламата на Turkish Airlines – Kobe VS Messi: The Selfie Shootout е прогласена за најдобра реклама на деценијата на YouTube. Објавена во 2013 година, на видео сервисот собра 140 милиони прегледи, а со гласовите на корисниците беше прогласена за најдобра во последните 10 години.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=jhFqSlvbKAM[/youtube]

На второто место се најде рекламата на Volkswagen: The Force во која се појавува момченце облечено како Дарт Вејдер од Star Wars. Ова видео, на YouTube собра 62 милиони прегледи.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=R55e-uHQna0[/youtube]

Третата позиција припадна на видеото Always #LikeAGirl кое беше објавено во 2014 година и кое има 57 милиони прегледи, додека на четвртото место е уште една автомобилска реклама. Станува збор за видеото со Жан Клод Ван Дам, за камионите на Volvo која беше објавена во 2013 година, а има вкупно 79 милиони прегледи.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=M7FIvfx5J10[/youtube]

 

Изборот за најдобри реклами беше организиран во чест на десеттиот роденден на YouTube.