Yamaha PES2 – нов концепт за електричен мотор

0
1622

Електрични автомобили. Електрични автомобили насекаде! Изгледа не и за Yamaha, кои работат на нов концепт на електрично возило, но во овој случај мотор.

Се работи за PES2, мотор кој има двоен погон – по еден на секое тркало. Нормално, главниот (посилниот) мотор се наоѓа на задното тркало и постои уште еден, послаб кој се наоѓа на предното. Ваквиот дизајн овозможува многу подобар старт и контрола на патот поради тоа што предното тркало учествува и активно во возењето.

Друго што е интересно кај овој (засега) концепт е тоа што тркалата се закачени само на една рамка која доаѓа од страната, а не на дупла што е вообичаено за други мотори. Целиот мотор изгледа слично на стандардни тркачки мотори со полудебели пневматици, а е погонет од Yamaha Smart Power Module, што е супердолго име за батерија.

Батеријата може да се вади и менува, а заедно е сместена со седиштето и опашката во единечен елемент – т.н. Monocoque дизајн. Ова овозможува одлична структурна стабилност и ригидност бидејќи функционираат како единечна структура, а не како засебни делови.

Секој кој забележал натпревар меѓу тркачки автомобил и Tesla видел дека електричниот автомобил има огромно забрзување (досега непостигнато на „стандардни“ автомобили), но наскоро не може да постигне висока брзина над одредена граница и бива победен. Веројатно истото ќе важи и за PES2 на Yamaha.

Засега не постојат многу електрични мотори, но работите се менуваат. Би било интересно да се сврти еден круг со PES2 кога ќе настапи на пазарот.