Xperia C5 Ultra е првиот телефон на Sony без рамка околу екранот

0
84

Screenshot_12

Протекоа нови фотографии од подолго време најавуваниот Xperia C5 Ultra, на кои може да се види дека новиот паметен телефон на Sony ќе има прилично модерен и луксузен дизајн, со исклучително мала рамка околу екранот.

Се работи за 5,5 инчен уред, со резолуција на дисплејот од 1920х1080 пиксели, што значи дека е уред од средно – високата  класа. Сепак, главната одлика на телефонот е рамката околу дисплејот, која отстрана скоро и да не постои. Благодарение на ваквиот дизајнерски потег, кога ќе биде вклучен, C5 Ultra ќе изгледа многу помодерно и пофутуристички.

Засега нема информации за тоа кој процесор ќе биде искористен, но моја претпоставка е дека тоа ќе биде Qualcomm Snapdragon 615, кој има осум јадра и прилично добри перформанси за сите услови. Секако, бидејќи се работи за телефон од повисоките класи, не смее да се очекува под 2 GB рам меморија и под 16 GB простор за складирање податоци, со можност и за micro SD картичка.

Screenshot_13

Друг адут во ракавот на новиот телефон на Sony ќе бидат камерите – и предната и задната ќе имаат 13 мегапиксели, заедно со блиц, што значи дека ќе нема разлика во квалитетот, односно ќе бидете сигурни дека секогаш ќе имате квалитетно селфи.

Sony Xperia C5 Ultra би требал да биде претставен наредниот месец и би требало да биде достапен на повеќето пазари низ светот, вклучувајќи го и нашиот. Цената засега не е позната, но би требало да е пониска од таа на Z – серијата.