Volvo најави автомобили кои ќе „разговараат” помеѓу себе

0
2878

За да ја подобри безбедноста во сообраќајот, Volvo, меѓу другото, своите модели за европскиот пазар ќе ги опреми со нова технологија која овозможува комуникација помеѓу автомобилите. Во пракса тоа значи дека едно Volvo кое минува по лизгав пат, на пример, или ќе наиде на сообраќајна несреќа, информацијата ќе ја проследи до другите автомобили учесници во сообраќајот (во првата фаза само до оние од истиот производител). 

Системите за предупредување за опасност (Hazard Light Alert) и предупредување за лизгав пат (Slippery Road Alert) веќе се претставени во Серија 90, но само за Шведска и Норвешка, а сега Volvo ќе ги понуди за целиот европски пазар. Системите стануваат стандардна опрема за сите модели, а ќе може да ги вграда и сегашни сопственици на поединечни Volvo модели.