USS Enterprise целосно рекреиран за виртуелна тура

0
1096

enterprise-construction-project-600x450

Многу од нас кои сме гледале Ѕвездени патеки сме се замислувале како работиме на еден таков вселенски брод. Веројатно и често сме се замислувале како би било да сме баш на еден од прикажаните, да шетаме низ ходниците и да комуницираме со луѓе, клингонци и други вселенски креатури.

Конечно тој сон ќе може да ни` се оствари! Благодарение на уметникот Jason B кој користејќи ја графичката подлога Unreal Engine ја создаде виртуелната тура на USS Enterprise. За жал, се` уште нема живи суштвества внатре во вселенскиот брод, но има одлична графика (имајќи предвид дека е работено од еден човек), соодветни звуци и опфатеност на целиот вселенски брод и сите негови простории.

https://www.youtube.com/watch?v=uK9ijZeHWjI

Интересното е што на турата можете да полетате со друго, помало возило во вселената и да се вратите назад. Турата ви овозможува да ги посетите сите познати и помалку познати локации, како мостот на капетанот, ресторанот, капсулите за спасување, пространите ходници, одделот за полетување, уредите за синтетизација и други. Впрочем, турата на USS Enterprise можете да ја видите на горното видео во кое овој автор се снимил како чекори низ бродот и гледа и управува разни работи.

Друго што е дополнително позитивно за овој проект е што е компатибилен со другите уреди за виртуелна реалност како Oculus Rift или HTC Vive! Тоа значи дека ќе можете да се шетате низ вселенскиот брод како да сте навистина таму.

Засега Jason B гледа накај финансирањето од толпа (колективно финансирање) за да му се помогне во проектот и тоа на два можни начини: Kickstarter и Patreon (месечно епизодно вложување). Тој има наша поддршка, и се надеваме дека ќе го возобнови и Voyager во некој следен проект заедно со неизбежната 7-of-9.