Tајни секс фантазии на мажите

0
1313

Постојат некои работи кои вашиот партнер ги обожува да ги прави но никогаш нема да ви ги каже.

seks-sovets

Некои негови сексуални фантазии тој нема да се осмели да ви ги каже вам, а уште поинтересно е што не ги споделува ниту со пријателите.

Применете ги овие совети и бидете најдобра во кревет.

Тој сака девојка која знае да се запали сама

На жените им е потребно повеќе време за да се возбудат и повеќето од вас тоа го сфаќаат како работа на мажот.  За да му дадете поттик на либидото, направете ги истите работи кои ги правите кога се самозадоволувате Затворете ги очите и мислете на вашиот партнер или дури и на друго момче кое ве возбудува, но тоа нормално не кажувајте му го на вашето момче.

Тој сака забавен секс

За жал, сексот во вистинскиот живот не е ист како оној на филмовите. Работите не секогаш одат во најдобар ред, а некои пози не функционираат. Ако се фокусирате на тоа се ќе расипете, но ако се насмеете двајцата тогаш тоа ќе стане забавен момент.

Доколку вашиот партнер случајно ви ја удри главата при пробување на нова поза, не реагирајте бурно, само насмевнете се, па следниот пат ќе знаете каде сте погрешиле и ќе го сторите тоа правилно.

Тој сака да ужива во глетката

За мажот, тоа што го гледа е речиси исто толку добро колку она што го добива, па затоа подарете му убава глетка. За промена вечерва одведете го пред огледалото и уживајте гледајќи се додека имате секс. Тој ќе биде воодушевен.

Друг начин да го возбудите е да оставите некое парче облека на вас. Мажите сакаат кога имаат простор за фантазија, па секси долна облека на вас не би било воопшто лош избор. Исто така одберете некоја поза со која вие сте врз него, чувствувајте се самоуверено и допирајте се по телото, тој ќе ужива.

Понекогаш сака ништо да не прави

Вие да ја започнете акцијата, тој само да лежи, а вие да го диктирате темпото е една од најголемите машки фантазии.

За промена фрлете го на креветот, не дозволувајте му да ви ја соблече облеката или да стори нешто, сами соблечете си го градникот и со него врзете го за креветот и потоа дадете му го најдобриот орален секс кој некогаш го имал.

Или легнете го сосема гол на креветот и бакнувајте го по секој дел од телото што ќе посакате, а верувајте сето ова ќе ви се исплати подоцна.