SPIRULINA PACIFICA – НАЈМОЌНА ХРАНА НА ЗЕМЈАТА

0
3395

Како додаток во исхраната, Spirulina Pacifica посебно се препорачува на спортисти, трудници, доилки, рековалесценти и на сите оние кои се придржуваат на посебен начин на исхрана како би ги зголемиле природните енергетски потенцијали

spirulina

Spirulina Pacifica е најхранлива намирница на светот. Оваа микроалга содржи извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини на Б комплексот, комплетни протеини, ГЛК и мноштво на минерали и ензими. Ги содржи и сите есенцијални амино киселини и 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говетскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спањаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото, 4 пати повеќе протеин отколку тофу (сирење од соја) и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот. Spirulina Pacificaсодржи извонредно големи количини на фитонутриенти, состојки кои се присутни во мали количини, но се многу важни за правилно функционирање на организамот. 6 таблети (3 гр.) Spirulina Pacifica, содржи повеќе антиоксиданти од 5 оброци на зеленчук. Карактеристична е градбата на нејзината клеточна структура која се состои од многу тенок слој на сложени природни шеќери кои лесно се топат во вода и урамнотежени протеини со пропорционален однос на сите 8 есенцијални и 10 неесенцијални амино киселини. За разлика од другите високо протеински храни, алгата Spirulina Pacifica е 95% искористлива.

hawai

Поради сето ова Spirulina Pacifica ја нарекуваат СУПЕР храна – и НАСА ја користи оваа алга во вселенските експедиции. Spirulina Pacifica се одгледува и обработува во идеални климатски услови на недопрениот брег на Хавајскиот остров Кона.

Spirulina Pacifica е делотворна во прочистување на телото. Антиоксидантите се состојки кои уништуваат разни оксидирани споеви во крвта, кои главни виновници на дегенеративните болести како рак, срцеви болести, Алцхајмерова и Паркинсонова болест, очни мрежи и слепило, реуматоиден артритис и бројни други болести кои се предизвикани со стареење на организмот.Spirulina Pacifica е изразито делотворна во прочистување на телото од тие оксидирани споеви, благодарејќи на тоа што содржи 4 пигменти со различни антиоксидантни својства. Плавиот пигмент е фикоцианинот – антиоксидант кој е извонредно корисен за црниот дроб и бубрезите, зелен пигмент кој го дава хлорофилот – антитоксин кој ги излекува отровите и тешките метали од телото и помага во превенцијата од рак, жолтиот пигмент се добива од зеаксантин – одличен е за очите, додека портокаловиот пигмент кој потекнува од бета-каротенот го засилува имунитетот и добро влијае на очите и кожата. Благодарејќи на овие пигменти Spirulina Pacifica уништува цел низ на вируси, го смалува нивото на холестерол и шеќер во крвта, помага во развојот на корисните бактерии во дигестивниот систем, го чисти телото од тешки метали и помага во опоравување после изложување на радијација.

spirulina

Многу луѓе имаат корист од Spirulina Pacifica. Над 50 години: богата е со хранливи материи и лесно се вари, давајќи им повторно енергија на оние кои не јадат доволно, имаат рестриктивна исхрана или ниско ниво на енергија. Високата содржина на бета-каротен е добра за очите и видот. Има повеќе калциум и магнезиум (важни минерали за здрава кожа и силни коски) отколку другите храни.Трудници и доилки: Есенцијалните масни киселини помагаат да се изгради мозокот и нервниот систем на фетусот и се добиваат од мајката за време на бременоста. Хлорофилот е детоксифирачки, кои делува наспроти квасецот и бактериите во дигестивниот тракт, ја гради крвта и ги активира ензимите да произведуваат витамин Е, А и К. Луѓе на диета: Spirulina Pacifica го намалува апетитот додека го зголемува нивото на енергија. Таа е најбогат извор на фениланин – природен пригушувач на апетитот и аргинин – амино киселина која го помага ослободувањето на хормонот за раст, кој го стимулира сопствениот регенеративен процес на организмот за изградба на мускулите и топење на мастите. Исто така помага да се обезбеди соодветен внес на хранливи материи кога се бројат калориите. За разлика од другите таблети со хранлива вредност, Spirulina Pacifica е комплетно сигурна и не предизвикува никакви нус појави. Го негува телото, додека истовремено му помага при слабеење. Вегетеријанци: Spirulina Pacifica ја обезбедува нутритивната врска која им недостасува на вегетеријанците. Таа е богат извор на витамин Б-12 и железо – единствен растителен извор на Б-12 и е идеален протеински додаток за некомплетните растителни протеини бидејќи ги содржи и двете амино киселини Lysine и Methionine. Спортисти и боди билдери: Ниедна друга храна не може да обезбеди “удар” на хранливи материи толку брзо. Таа обезбедува скоро се што му е потребно на организмот за комплетен метаболизам, вклучувајќи многу хранливи материи кои ги нема во другите храни. Спортистите искусиле подобрување на изведбата кога земаат Spirulina Pacifica со зголемена енергија и зајакнат капацитет на издржливост.Генерална употреба: Како комплетно природна храна таа е погодна за целото семејство, поради нејзиниот балансиран и широк спектар на нутритивен профил.

Идеален додаток во исхраната, Spirulina Pacifica го обезбедува организмот со сите основни хранливи материи потребни секојдневно, правејќи Ве свежи, активни и полни со енергија во текот на целиот ден.

Извор : Zdravjeihrana