Sony Xperia M5 Ultra – камерата како најсилен адут

0
1389

Јапонскиот гигант Sony ќе го претстави новиот модел Ultra, кој ќе се базира на постариот брат Xperia M5.

Новиот M5 Ultra ќе биде подобар од обичната М петка, ќе има огромен 6 инчен дисплеј со FullHD резолуција 1920 x 1080 пиксели, IPS-NEO технологија и White Magic осветлување.

Под хауба ќе има 8-јадрен Snapdragon 652 процесор и 3GB RAM, што значи дека сите операции ќе работат како подмачкани.

На задната страна камерата ќе биде во центарот на вниманието, со 2 леќи и резолуција 32 мегапиксели, со оптичка стабилизација на сликата, додека предната камера доаѓа со најголемата резолуција досега – 16 мегапиксели и широко-аголна леќа.

Наредниот месец се очекува официјалното презентирање на новиот смартфон.