PHOENIX Pharma донираше средствата за лична хигиена за настраданите од поплавите

0
750

PHOENIX Pharma се приклучи со донации на BETTY производи за настраданите во поплавите во Македонија, што покрај стотици луѓе кои останаа без своите домови однесоа и жртви.

Нешто што е најпотребно во овој момент се средствата за лична хигиена (влажни марамчиња, вата), кои се донираат како дел од палетата на BETTY производите.

„Станува збор за нешто што секој го прави со вроден инстинкт за да им помогне на другите кои се во незгода. Секој има потреба да направи нешто што е во рамки на неговите можности кога се справува со невидени и непредвидливи непогоди со трагични последици.“ – изјави Владимир Дренковски, директорот на PHOENIX Pharma.