OOУ ,,11 Октомври“: АВРМ прави опструкции и ги одолговлекува постапките

0
141

Раководството и вработените на Основното општинско училиште „11 Октомври“ – Центар, Скопје реагира на односот за одјава и пријава на работници за потребите на училиштето од страна на Агенцијата за вработување.

Еве што стои во соопштението:

OOУ „11 Октомври“ – Скопје уредно достави до Агенцијата за вработување обрасци за одјава и пријава на работници за потребите за училиштето, на 29.01.2016 година. Денес, 04.02.2016 година сеуште од Агенцијата за вработување не е извршена пријавата и одјавата на работниците.
Со ова е нарушена воспитно – образовната работа.

Јавно ја прашуваме Агенцијата за вработување – Зарем е потребно скоро една недела да се изврши една обична постапка која се завршува од два до три дена? Тоа не наведува дека Агенцијата за вработување прави опструкции на училиштето „11 Октомври“ – Центар, Скопје.