Omen X Compact Desktop е компјутер во форма на ранец

0
2149

Минатата година HP претстави еден интересен концепт – компјутер во форма на ранец подготвен за виртуелна реалност. Сега машината кое го носи името Omen X Compact Desktop конечно е подготвена да излезе на пазарот.

Компјутерот е тенок, лесен и моќен и освен како ранец за VR ќе можете да го користите и како стабилен PC. Последното станува возможно благодарение на претставената денес „докинг станица“ за компјутерот. Самиот приклучок овозможува вклучување на монитор, тастатура и други додатоци, потребни за моментите кога не сакате да ја носите VR станицата на вашиот грб.5996f448f35bde562b696c1826bedfac.70356805e4a29ba515402e7c8f30acd2

Omen X Compact Desktop е опремен со процесор Intel Core i7 од генерацијата Kaby Lake и графичка Nvidia GeForce GTX 1080. Интересен е изборот на HP да ја продаваат самата конфигурација одделно од ранецот. Компјутерот ќе има почетна цена 2.499 американски долари, а ранецот со кој ќе ги искористите предностите од првично замислениот концепт, ќе ве чини уште 600 долари.a80f760e82414e57ed948d92b1dc938b.4a3258a45939b99ab7e6479255f598c4 hp