NuTonomy први со автономни возила, во Сингапур

0
114

Ние за волкот а тој … во Сингапур. Веќе повеќе пати сме пишувале за автономни возила и како се очекува тие да бидат вториот револуционерен чекор во автоиндустријата, веднаш по широкото прифаќање на електричните возила.

Сепак, не очекував овие возила да се појават во јавен тест толку бргу. Имено, една сингапурска компанија nuTonomy само што започна со тест на автономни возила во кои ќе можат да се возат луѓе кои ќе ги побараат. Овие возила засега се ограничени на мала површина од само 4 квадратни километри и можат да тргнат или остават патници само на одредени точки, но за почеток и тоа е доволно.

Луѓето кои можат да учествуваат во овој тест засега се вклучени само преку покана, а покрај нив во возилата ќе се возат и „безбедносен возач“, како и инженер кој ќе мери како се однесува возилото кога е пуштено во реални услови во Сингапур.

Возилата се Renault Zoe и Mitsubishi i-MieV – двете се електрични возила, а на себе ќе имаат лидари (ласерски радар) насочени на сите страни, две камери однапред, лидар на кровот кој постојано се врти и нормално GPS/Глонасс систем. Сите овие сензори ќе бидат обработени од внатрешниот компјутер кој ќе ги препознава условите на патот, светлата на семафорите, евентуални препреки и опасни ситуации и ќе го одредува патот на движење и следните постапки на возилата.

NuTonomy преку овој проект ги претркаа еден куп други компании кои работат на автономни возила, како Apple, Google, Tesla Motors и Uber. Останува да видиме како тоа ќе се одрази на нивните стратегии и дали некој ќе понуди „ситни милијарди“ да ги купи nuTonomy (Apple – тешко, со оглед на тоа што ЕУ одреди дека должат 13 милијарди долари во данок).

Извор : SmartPortal