NASA: Има вода на Марс

0
95

Во моментов се одвива прес конференција на NASA, која беше најавена поради важно откритие на планетата Марс, што треба да се сподели со јавноста. Како што се шпекулираше, разрешената мистерија за Марс е на тема посетоење на вода на црвената планета, на што научниците на NASA одговорија потврдно.

perspective_1-1024x5321-1024x532

Научниците досега повеќепати претпоставувале дека има вода на Марс, но сè до сега немале конкретни докази за ова. Имено, на Марс се пронајдени докази за постење на течна вода, покрај замрзната.

Mars Reconnaissance Orbiter (MRO) најде докази кои покажуваат дека и денес има течна вода на оваа планета. Темните траги на делови од планетата, што се гледаат на фотографиите, се такви поради солта која се наоѓа во водата – научниците велат дека ова може да го предизвика само течна вода, дури и да е малку под површината на земјата.

Тројцата научници кои говорат на прес конференцијата, се автори на истражувањето што беше објавено денес во Nature Geoscience на тема докази за вода на Марс.

Постоењето на вода на оваа планета покренува прашања во насока на живот на Марс, некогаш и во иднина. Научниците велат дека несомнено е дека некогаш имало некаква форма на живот на Марс, но за иднина, сè уште е рано да се зборува. Тие се надеваат дека до 2020 ќе можат да направат ровер понапреден и подобар од Curiosity (бидејќи атмосферските услови на локација го наложуваат ова) со цел да го испратат во ове делови, за да се врати со примероци од овие „речни корита“.

Клик на видеото за го следите остатокот од конференцијата на NASA:


ABC Breaking News | Latest News Videos