Mарш у Идризбег оФчарЧе

0
1185

И ете бидна и 10-тиот ден од јуни. Ај шо бидна, бидна, ама и заврши. Пребдеавме, збор не велејки еден на друг во исчекување на ГОЛЕМИОТ АБЕР од центарот на Старата дама Европа. Стравувавме како ќе преживееме ако се случеше нешто што не сакавме да го чуема. Стравувавме затоа што докрај не верувавме на истрајноста со која го испративме Лидерот на Опозицијата.

Marin-blackwhite-kolumni

Стравувавме дека ќе се повтори некој Дејтон или Шамбуе. Стравувавме дека ќе се појави некој Холбрук кој ќе ги фати за уши, ќе им тутне пенкало враце, ќе им мава заушки се додека не го стават својот потпис на некаква си Палома хартија.

Арно ама, е јбг господо европејска и кај вас постои тој израз, Лидерот издржа, категорично рече НЕ и слободно насмеан и со дигната глава може да си дојде дома.

А оној другион, оФчарЧено, ќе си дојде, ќе се скрие и ќе плаче, ќе го преколнува денот кога не ги прифати првите услови мирно да си замине. Се подзаеба малку, а оФчарЧе? Е јбг, кога шупакот ти е поголем од мозокот…….И сега бе , ШУ ПРАИМЕ бе оФчару?! Почнаа и оФците да ти бегаат од трлото, и кај нив почна црвот на сомнежот да гризе.Аха, да бе гризе ли гризе. Слушам почнале *главом без обзира* да си бараат друго трло. Е море машко, машко ти така си мислеше, дека и противникот твој можеш да го сработиш како твоите оФци! Ама не бидува бе машко, не бидува.

И сега што? Побрзај да не задоцниш, повикај си го братучедот, прашај го како е да си дадеш оставка и почни да правиш планови како да му ја здувнеш со полните куфери стационирани во Цирих и Белизе.

Или не…………..алооооооо да не кроиш некој други матни планови? да не мислиш да ги активираш твоите паравојски и да почнеш да правиш меѓуетнички и меѓунационални глупости? Не бидува бе човеЧе, не бидува. Не се заглавувај во подлабоки лајна оти ќе те снајде судбината на Чаушеску. Народот почна да се буди. Сети се на 17-ти и 18-ти. Сети се дека на 17-ти имаше 100.000 илјади народ и се виореа, споени едни ди други сите можни знамиња во Државава. Сите до еден со рака на срце ја пеевме Химната. Сите до еден не мрднавме 3 и пол часа. Извлечи поука. Сети се и на 18-ти кога под принуда собра едвам 25-30.000 кои со националистички извици и со верски обележја јасно ни покажаа дека освен твојата религија не признаваш други. Сети се дека Припадниците на Исламот ги отфрли од себе, освен Али Ахмети, се разбира. Бидејки вие двајца освен тендери друго и не знаете.

Ти дојде крајот бе ГрујЧе, ти дојде.

Еден совет да ти дадам. Немој да се потпираш на Апо велешанецот и Тале прилепчанецот. Тие имаат проблеми со мозочните виуги.

Молам! Ако , ако подпирај си се. Па ти само со нив можеш да се разберееш. А да, и со Хорхе кој, слушам, во Прилеп ќе бил примен од Тале. И ќе бил пречекан на МОДАР тепих, да било во тон со вашите газој, оти кај да е Чичко Сем ко ќе земи една суројца , па удри , удри по газојте ваши.
Добре дојде дома Заев………….марш у пм………..а нееееее……….. марш у Идризбег оФчарЧе.

Марин Бабиќ