Logi Circle е паметна домашна мониторинг камера

0
241

logicircle-800x458

Logitech, производителот кој го знаеме од супер квалитетните компјутерски компоненти, лансира нова камера за домашен мониторинг, која се поврзува со апликација на вашиот паметен телефон и која овозможува следење во живо каде и да се наоѓате.

Logi Circle (сега камерите на Logitech ќе се продаваат под Logi брендот) има модерен, кружен дизајн и солидни видео можности, како снимање на HD видео и леќа која може да фати широко видео од 135 степени, што е веројатно доволно и за потесните соби, а има и вграден 8Х зум. Исто така, вградена е и батерија која трае до 3 часа снимање или 12 часа во стендбај, како и звучник преку кој може да комуницирате со луѓето што се снимаат.

Она по што Circle се разликува од другите камери се посебните сензори и алгоритми, кои го учат навиките и знаат кога ќе се случи нешто различно од тоа што се случувало дотогаш и тогаш почнуваат да снимаат. Ова е особено погодно за зачувување на просторот – Circle може да снима до 24 часа видео на “Cloud”. Сепак, Logitech планира да понуди “Cloud” решенија за снимање подолги видеа. Исто така, достапна е и опцијата “Day Briefs” која автоматски генерира видео од 30 секунди со најважните работи што се случиле тој ден.

Цената на Logi Circle изнесува 199 долари, што се чини е многу за една камера, но на оние на кои им треба да знаат што се случува во нивниот дом, како на пример ако имаат миленици или деца, ниту една цена не е многу висока.