Lexus конечно го откри на јавноста својот летечки скирол

0
1232

lexus_hoverboar.3b609100129.original-e1438953551736

Веќе се вративме во иднината. Lexus конечно го откри на јавноста својот летечки скирол и тој е закон.

Ако се сеќавате на СмартПортал пишувавме токму за овој летечки скирол. Тогаш Lexus имаше објавено само едно видео со најава на скиролот, се` уште не му ги знаевме точните карактеристики. Во последната серија на видеа што ги објавија од таму се гледа функционирањето на скиролот во реални ситуации.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?list=PLBlWoBy7VSXNvq4G8Or6ETTFHyswyu-AF&v=ZwSwZ2Y0Ops[/youtube]

Видеата се снимени со светски познати возачи на скироли кои го тестираат овој за неговите карактеристики. Како што можете да видите на самото видео, неговото однесување не е еднакво на стандарден скирол па многу од овие светски шампиони се сопнуваат и паѓаат кога се обидуваат да го летаат.

Инаку самиот скирол работи на принцип на силно магнетно поле. Се работи за два магнета кои се изладени на суперниска температура од -179 целзиусови степени за да можат да ги остварат своите суперспроводнички карактеристики – и резултантното силно магнетно поле.

Скиролот на Lexus не може да се лета каде било туку му е потребна специјална магнетна површина од која може да се одбива. Како што се гледа на видеото од Lexus создале цел забавен парк за да може да се тестира истиот, кој неретко бил и маван и гребен (веројатно оштетувајќи илјадници долари опрема).

Како и да е, како да предходното не е доволно битна вест – летечкиот скирол од враќање на иднината е тука! Секако, нов и подобрен, со можност да лета над вода (ако постои специјална магнетна лента под површината на истата).