iScout е проѕирен дисплеј за ветробранското стакло кој прикажува навигација и „мртви точки“ од ретровизорите

0
1242

Во моментов многу производители на автомобили нудат проѕирни дисплеи вградени во самото ветробранско стакло, кои можат да прикажат информации како брзината на движење или пак насоките од навигацијата. Сепак, ниту еден систем не може да се спореди со iScout HUD, која има цела плејада на можности кои можат да го направат Вашиот автомобил попаметен, но и многу побезбеден.

iScout HUD се поврзува со паметен телефон и може да ги прикаже сите нотификации од него, независно од апликацијата. Така, доколку ви стигне порака на Viber, вие ќе можете да ја видите на iScout без да го тргнете погледот од патот, што во големо ја подобрува безбедноста, особено благодарение на проѕирниот дисплеј. Исто така, на повиците може да се одговори само со мафтање на раката, што е уште еден плус за овој уред.

jpg

iScout HUD има и неколку напредни карактеристики кои го одвојуваат од сите вакви системи досега. Имено, Premium моделот има камери кои гледаат во мртвите точки на автомобилот, односно оние кои се наоѓаат во страничните ретровизори кога сакате да се престроите во друга лента. Сликата од овие камери ќе се прикажува на дисплејот на iScout, што значи дека возачот нема да треба да го тргне погледот од патот за да погледне назад.

Овој модел ќе биде опремен и со камера која цело време ќе го снима возењето, корисна за доказ при судир или пак од (непостоечки) казни од полицајци… iScout може да прикаже и информации од автомобилот, како на пример брзината на движење и состојбата на горивото, но и колку километри возилото има до наредниот сервис.