Huawei лансираше телефон кој работи според навиките на неговиот корисник

0
111

Huawei Technologies денес презентираше нов премиум паметен телефон на кој му додаде вештачка интелигенција со цел да ги стигне своите конкуренти на пазарот како Apple и лидерот Samsung.

Телефонот Mate 9 е наменет за побогатите учесници на глобалниот пазар вреден 400 милијарди долари, односно за професионалците на кои им треба брз телефон со долг век на батеријата.

Најнеобичниот додаток на телефонот е опцијата да може да ги учи навиките на корисникот и автоматски да ги организира апликациите според честотата на употреба. Телефонот, всушност, учи како вие сакате да го користите и што ве интересира.

Бидејќи во текот на наредните неколку години се очекува забавување на пазарот за паметни телефони, производителите се фокусираат на креирање нешто по што ќе бидат препознатливи. Повеќе не е доволно само да се понуди функционален и квалитетен уред. Вештачката интелигенција и гласовните команди ќе бидат главните додатоци на паметните телефони во текот на наредните години.

Mate 9 беше презентиран во Минхен. Има екран од 5,9 инчи и посебни микрофони кои препознаваат од каде доаѓа звукот и се фокусираат на таа страна, како и бришење на бучавата во позадина при разговор. Батеријата на телефонот трае 2 дена со максимална употреба, а се полни целосно за 90 минути.

Извор : Иновативност.Мк

СПОДЕЛИ