HP Envy Curved е заоблен 34 инчен „Се во Едно“ компјутер со Windows 10

0
1072

HP_ENVY_Curved_All-in-One_left_facing.0

Заоблените монитори се на сите насловни страни денес, поради тоа што буквално ве внесуваат во работната околина, видеата или игрите, а сега HP има и цел компјутер вграден во еден таков 34 инчен монитор.

Мониторот е ултра широк со сооднос од 21:9, што го прави особено корисен за работење со повеќе апликации одеднаш, а благодарение на “Snap” функцијата во Windows 10. Големината од 34 инчи ќе ги задоволи и гејмерите, а филмофилите ќе ги радува тоа што холивудските филмови ќе ги гледаат без црни ленти горе и долу, благодарение на големата ширина. Единствен недостаток на дисплејот е веројатно резолуцијата, која е 3440х1440 пиксели, што е веројатно малку со оглед на големината.

HPENVYCurvedAll-in-One_leftfacingprofile-1024x870

Самиот компјутер е опремен со Core i5 процесор и 8 GB рам во основниот модел, а може да се оди до конфигурација со Core i7, 16 GB рам, 2 TB хард диск и Nvidia GTX 960A графичка за потребите на гејмерите. Компјутерот е опремен и со шест специјални Bang&Olufsen звучници на страните, што значи дека веројатно нема да ви требаат дополнителни звучници за да прават гужва на работната маса. А кога сме кај неа, секако дека ќе треба да ослободите повеќе простор – се работи за многу широк компјутер!

Како и скоро секој нов Windows 10 компјутер и овој доаѓа со Intel RealSense камера за да може да се најавите со Windows Hello само со гледање во компјутерот. Цената на основниот модел почнува од 1799 долари, што е веројатно надвор од досегот на многу купувачи. Сепак, има и 24 и 27 инчни модели, достапни и со Ultra HD дисплеи, кои не се заоблени и кои чинат 999, односно 1199 долари за почетните модели.

HPENVYCurvedAll-in-One_homeoffice-2_lifestyle-1024x683