HENNESSEY VENOM GT SPYDER ПОСТАВИ НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД

0
241

Американската автомобилска компанија Hennessey Performance ја одбележува својата 25-годишнина, а роденденски подарок е новиот светски рекорд на Venom GT Spyder.

Формалното достигнување ќе биде потврдено денес кога ќе бидат анализирани сите поединости. Од компанијата  велат дека веста е поврзана со подобрување на рекордот за брзина на сериски автомобил – 435,16 km/h. Инаку, Hennessey ја доработи сериозно шасија, која ја купи од Lotus, за ова остварување кое минатата година имаше деби на саемот SEMA. Venom GT Spyder има подобрен 7,0-литарски V8 мотор со две турбини, кој работи на биоетанол Е85, а моќноста му е 1.451 коњски сили, што е зголемување за 207 коњски сили во споредба со претходната верзија на автомобилот. Од компанијата објаснија дека очекуваат максималната брзина на подобрувања Venom GT Spyder да е околу 450 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h да е за 2,4 секунди.

23

Ако очекуваниот рекорд на Американците се потврди, Venom GT Spyder ќе  биде побрз од хипер автомобил Bugatti Chiron, чија максимална брзина е електронски ограничена на 420 km/h. Сепак, треба да се истакне дека од Bugatti направија оградување дека Chiron може да е побрз, па оние 420 km/h во никој случај не се неговите врвни можности.