Facebook додава опција за тајни разговори

0
265

Дејвид Маркус, шефот на Facebook одделот посветен на Messenger, со соопштение изјави дека компанијата започнала со тестирање на end-to-end енкрипција како начин за овозможување на поголема сигурност и приватност на пораките. Тој додаде дека некои функции на Messenger, како cross-device  разговори, архивирани пораки и ГИФ-ови, се’ уште не се функционални со end-to-end енкрипцијата.
“Овозможувањето на повеќе начини за луѓето да можат безбедно да споделуваат работи е важен дел од градењето на поотворен и поповрзан свет,” истакна Маркус. “Без разлика дали прашувате лекар за медицински совет, праќате чувствителни информации за некоја корисничка сметка на вашиот сопружник, или пак само вашиот матичен број – важно е да се имаат опции за споделување на вакви, многу осетливи пораки.”
Корисниците може да пристапат кон оваа опција во рамки на обичниот Messenger разговор, така што би притиснале на името на личноста со која зборуваат и по скролање надолу да одберат “Secret Conversations”. Ќе се отвори нов прозорец, а корисникот може да одбери колку време сака пораките да бидат видливи откако ќе бидат отворени – од пет секунди до повеќе од 6 часа. После тоа, корисникот може да ја испрати својата порака.
Маркус изјави дека опцијата ќе биде пошироко достапна потака во летото, но не кажа кога и дали ќе биде достапна за сите корисници.

AAEAAQAAAAAAAAYaAAAAJGQzZDViZTJkLWYwYWEtNDJkNS1iODBlLTc0MTk2OGRiODEzYw

Ова не е прв пат како Facebook тестира пораки кои сами се бришат. Минатата есен, Facebook соопшти дека тестира такви пораки со корисниците во Франција, наговестувајќи  дека евентуално може да биде проширено и на некоја друга земја. Во меѓувреме, Snapchat изгледа дека се одалечува со пораките кои сами се бришат преку воведувањето на новата ‘Memories’ опција која им овозможува на корисниците да зачуваат пораки за подолго време од стандардните 10 секунди.

СПОДЕЛИ