EK: Се води истрага каде завршиле парите од ИПА фондовите во Македонија

0
1209

ОЛАФ веќе спроведува истрага за ИПА фондовите во Македонија. Ова е одговорот за тв21 на  Европската канцеларија која е надлежна за истраги поврзани со измами на сите средства кои доаѓаат од Буџетот на ЕУ, вклучувајќи ги и претпристапните фондови за државите кандидатки- како што е случај и со Македонија. ОЛАФ,  подвлекуваат  дека не можат да коментираат повеќе, бидејќи истрагата е во тек.

„ОЛАФ веќе спроведува истрага за ИПА фондовите во Македонија. Сепак, бидејќи истрагата е во тек, од ОЛАФ не би можеле повеќе да коментираме. Тоа е поради доверливоста на случајот  и евентуално попречување  на понатамошната истрага, претстојните правни процеси, заштита на личните податоци и поради запазување на процедурата. Фактот што ОЛАФ спроведува истрага не значи дека лицата/ објектите кои се под истрага, извршиле измама. ОЛАФ во целост ја почитува пресумпцијата на невиност и правата на одбрана лицата/објектите кои се опфатени во истрагата.“, велат од ОЛАФ.

ТВ 21 по неуспешните телефонски обиди, денеска не успеа да добие одговор на поставените прашања од владиниот портпарол. Лидија Димова од СДСМ се наврати две години наназад, кога како што вели, биле суспендирани средства од ИПА фондовите.

Според дел од експертите изјавата на посредникот Питер Ванхауте не треба да се сфати наивно. Напротив, според нив, таа може да биде вовед за нарушување на кредибилитетот на земјата.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ