Aхмети ја потвди својата послушност и покорност кон Бејли: САД имаат искрен партнер во мене и во моите соработници

0
1090

Амбасадоре Бејли, ден по постигнувањето на компромисoт и гласањето во Собранието на Република Македонија, во согласност со проценката на меѓународната заедница од минатата недела, решив во име на сите нас од Демократската унија за интеграција да ви се обратам на Вас и вашите соработници од Стејт департментот на САД и Амбасадата на САД во Скопје, преку ова јавно писмо да изразам благодарност за вашиот придонес во надминување на политичката криза во земјата преку одржување на демократски и слободни избори на 5-ти јуни оваа година, пишува лидерот на ДУИ, Али Ахмети во писмото до амбасадорот Џес Бејли.

Го пренесуваме писмото во целост:

„Вашите напори и на вашите соработници преку дадениот придонес кон решавање на најсериозната политичка криза со која се соочува мојата земја, докажаа дека Македонија и граѓаните на оваа земја имаат посебен и искрен пријател во Вас и во САД.

Јас би сакал да ја искористам оваа прилика уште еднаш да ја потврдам нашата посветеност кон спроведувањето на договорот од Скопје, како и дека ќе го продолжиме нашиот придонес кон остварување на суштинските реформи што произлегуваат од итните препораки, вклучувајќи ја и нашата посветеност за изборна атмосфера на која граѓаните слободно ќе гласаат, без заплашување и без условување.

Овој процес е исклучително важен за нас бидејќи веродостојни и прифатливи избори за меѓународната заедница ќе придонесат и за силно враќање на евро-атлантската агенда, како единствена алтернатива за нашата земја.

На крај,  и во моите соработници, бидејќи нашата цел е заедничка, демократска Македонија со владеење на правото и толерантно општество, со здрави меѓуетнички односи и меѓусоседски односи, целосно интегрирана во НАТО и ЕУ. Благодарен, Али Ахмети“.