Aдеми: Ќе тужам за клевета, а Журнал нека го донесе царинокот кај кој сум ургирал

0
1127

-Про-владините портали, во случајов “Журнал” како по обичај лажат и клеветат!

За ова ќе добијат тужба за клевета, и низ судски процес ќе мора да докажат, и како сведок да го викнат цариникот, со име и презиме, кој бил на служба, и со кој јас наводно лично сум разговарал – напиша Едмонд Адеми на својот фејсбук профил како реакција на пишувањата на провладините портали според кои тој ја злоупотребувал позицијата, и на граничниот премин Јажинце, во возилото без декларација имал 20 пара очила и 20 рачни часовници, брендирана стока, во име на фирмата BD company од Косово, који сакал да ги шути во промет преку продавници во Скопје и Тетово.

Според порталот Адеми му се јавил на цариникот за да ургира лицето да биде пуштено од царинската контрола без поседување соодветни документи, но цариникот не го пропуштил.