80 илјади евра украдени од домот на потпретседателот на ДУИ, Садула Дураку!?

0
393

Деновиве во домот на Садула Дураку, актуелниот градоначалник на општина Липково кој е и потпретседател на владејачката албанска партија ДУИ, според непотврдени информации, во домот му влегле крадци.

Изворите на Либертас тврдат дека Дураку грабежот на наводно 80 илјади евра од неговиот дом го пријавил во полициската станица во Матејче.

Од Либертас го контактирале дежурниот во полициската станица кој побарал прво да се консултира со старешината а потоа љубезно одговорил дека  за овој случај ќе може да добијат одговор утре од портпаролот на кумановската полиција.

Градоначалникот Дураку во телефонски разговор за Либертас, рекол дека грабеж имало, но не кај него, туку во домот на неговиот брат. За сумата дали се работи за 80 илјади евра рече дека не гледа за потребно ваква информација да се пласира во јавност.