8 показатели дека сте заљубени во квалитетна жена

0
1740

Жените се превртливи, чудни, љубоморни, напорни, тврдоглави… Но, сепак се заљубувате во нивните маани.

8-pokazateli-deka-ste-zaljubeni-vo-kvalitetna-zena-01

Како да откриете дали е таа вистинската, и покрај сите несовршености?

1. Не ве прави љубоморен

Нема потреба да ве прави љубоморен затоа што е свесна колку вреди, како и дека вие знаете да го препознаете тоа.


2. Независна е

Таа има дел од животот кој потполно не зависи од вас, а тоа е кариерата, пријателите и по некое хоби. Тоа не значи дека нешто крие, туку сака да остане независна барем во некој сегмент.


3. Ве бодри

Таа е ваша навивачка, а не тренер. Ве поттикнува да ги исполнувате своите цели, а не да ви соли памет околу нив.


4. Не се срами од секс

Таа не е срамежливка во кревет, а кога нешто не сака да прави или не ѝ одговара, знае да каже. Сексот со неа е многу повеќе од физички контакт.


5. Има свое мислење

Таа знае што сака во животот и тоа нема да се промени зависно од вашите цели и ставови, колку и да ве сака.


6. Се грижи за себе

Нивото на самодоверба ѝ е високо баш поради тоа што е постојано средена. Плус, освен физичката грижа, се труди да напредува и во секој друг аспект.


7. Пристојна е

Со неа не мора да размислувате како ќе се однесувате кога ќе ја однесете на ручек кај родителите или на забава кај пријателот. Таа знае да се однесува пристојно и да се прилагоди на ситуацијата .


8. Го нема комплексот дека е принцеза

Бара да ја третирате со почит, но не затоа што е принцеза и жена, туку затоа што е свесна за квалитетите.

ЦрноБело